Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Движењата на бебето во стомакот

Сите жени кои се бремени и нивните блиски луѓе се возбудени кога ќе го почувствуваат првото движење на бебето во стомакот. Тука е, убаво е! Но кога да се очекува оваа возбуда, какво е чувството и колку често ќе се случува – прочитајте подолу!

Кога е нормално да почнат да се чувствуваат движењата во стомакот?

Иако бебето е активно уште од седмата недела, тоа е премало и движењата се многу нежни за мајките да го почувствуваат. Обично мајките прв пат го чувствуваат движењето помеѓу 17-тата и 22-та недела. Жените кои се прв пат бремени подоцна ги забележуваат движењата, за разлика од жените кои веќе имаат родено и знаат какво е чувството. Кај послабите трудници движењата се полесно забележливи.

Какво е чувството?

Многу трудници не знаат какво е чувството кога бебето се движи. Повеќето од мајките кои имаат искуство ги опишуваат овие движења како пеперутки во стомакот или мало пукање на коските. Првиот пат кога детето почнува да се движи трудниците мислат дека желудникот им испраќа знаци како да се гладни или цревата испуштаат звуци. Кога тоа чувство се повторува веќе им е јасно за што се работи.

Колку често треба да се случува?

Во почетокот се чувствува само одвреме навреме. Понекогаш и секој ден, а понекогаш може да се случи пауза и од една недела. Во второто тримесечје, кога бебето се зацврстува овие движења се чувствуваат секојдневно, а понекогаш можат да бидат и болни. Некои лекари ги советуваат трудниците во третото тромесечје да го следат движењето на бебето секојдневно. Ако забележите дека движењето значително е намалено, не е на одмет да го посетите лекарот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement