Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Брзиот секс за мажите значи „Те сакам“

Двата слатки зборови „Те сакам“ на мажите не им значат толку многу како на жените. Тоа е така бидејќи жените се вербални, а мажите визуелни типови. Додека тие се занимаваат со анализа, партнерот реагира импулсивно. Токму поради тоа на мажите многу полесно ќе им покажете што чувствувате доколку зборовите ги претставите со дела. Кога сте со него, посветете му се целосно.

– Кажете му „те сакам“ и долгото водење љубов понекогаш заменете го со брз секс, советува брачниот терапевт Карин Голдштејн.

Прочитајте ги и другите совети:

Сака да биде заштитник, но брзо ќе се засити од принцезата

Низ чувството дека ви е потребен тој чувствува дека го сакате. Но, тоа не значи дека морате да глумите принцеза на зрно грашок.

Бидете му подршка во моментите кога истата му е потребна.

Црвен фустан и малку шминка ќе го излудат

Машкиот мозок реагира на визуелните сигнали многу повеќе од женскиот. Облечете секси фустан, а тој тоа ќе го преведе како: „Те посакувам и се трудам да изгледам убаво за тебе“.

Освен тоа жена во црвен фустан е вистински афродизијак за мажите.

„Те сакам каков што си и не сакам да се менуваш“

Предложете му денот да го помине со пријателите, да игра сони или да спие.

Со тоа ќе му покажете дека има подршка и слобода да го покаже неговото „најлошо“ издание.

Ден без малтретирање, грижи и обврски за некого се подарок од срце.

Комплиментот е воодушевување, а воодушевувањето е знак за љубов

Дозволете му во вашите очи да се однесува како заштитник, мајстор за се, виртуоз, секси и ваш принц на бел кољ.

Комплиментите на сметка на неговиот изглед или сила, се израз за љубов на мажите.

„Благодарам“ е помоќно од „Те сакам“

Кога ќе го однесе детето на училиште или изнесе ѓубрето, кажете му: „Благодарам што го направи тоа“.

Едноставното благодарам ќе направи голема промена во вашиот однос, а е помоќно дури и од „Те сакам“.

Со прашањата му покажувате дека ви е потребен

Побарајте од него совет, покажете му дека имате доверба во него и тој ќе се чувствува убаво. Откако ќе го реши проблемот, мажот ќе се чувствува корисно и способно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement