Збогум на зимското сивило! Пролетта е веќе тука, а тоа значи дека е идеално време за малку пролетно чистење.
Доколку сакате да ја ускладите шминката со пролетната облека, нема да погрешите доколку изберете пастелна сенка за очи, тонирана крема со малку повеќе пигмент и бронзен-ефект односно сјаен, но и нежен кармин за усните.

Но доколку сакате да сте во тренд, обратете внимание на следното: на претставувањето на пролетните колекции за 2015, видено е нешто што до сега се сметало невозможно – манекенки во лесни креации биле нашминкани невообичаено нападно.

Големите модни куќи како Диор, Гуерлаин, Ланком и Шанел на пазарот извадиле цела колекција на производи прилагодени малку повеќе за пролетното време.

You must be logged in to post a comment Login