Ким Kaрдашијан ја откри тајната на нејзината песочен часовник фигура. Старлета постави на својот Инстаграм профил слика која покажува дека дури и таа употребува трикови за да го нагласи своето тело.
Иако старлетата е позната по своите облини, а пособено по големината на нејзиниот задник, Ким носи корсет со кој се истакнува нејзиниот струк и дополнително се нагласува задницата. Тридесет и четри годишната Ким откако се офарба плава, најчесто носи црна боја, па така и овој пат во црна боја од глава до пети прошета во Лос Анџелес каде излезе со својата сестра Клое.
Таа знаеела да облече многу тесни панталони и маички , а деколтето не е единственото нешто што сме го виделе. Овој пат таа најде начин да провоцира повторно.
Сопругата на раперот Канје Вест избра многу тесни панталони, а да ја нагласи својата половина носеше и црн кожен каиш.
Но, тоа не е се. Нејзините панталони се изработени од транспарентен материјал, па кога блицот на фотоапаратите ќе засвети, може да се види каква долна облека носи.
Таа го сака вниманието на медиумите, па воопшто не и ни пречи ова. Ова го прави многу често, а колку пати ќе биде рецепт за насолвните страни ќе видиме.

You must be logged in to post a comment Login