Учењето, работата и секојдневните активности можат да бидат фатални за вашиот мозок. За да функционираме нормално, на нашиот мозок му е потребен одмор.
Доколку се чувствувате уморно, исцрпено или под стрес, обидете се да ги направите овие неколку трикови за релаксација на мозокот.
Спијте редовно
Потребни ви се минимум 8 часа здраво и длабоко спиење. Доколку спиете редовнo и квалитетно, на добар пат сте да ја спречите појавата на срцеви заболувања и да го зајакнете имунолошкиот систем.
Одете на прошетка
Секојдневната прошетка е доволна за одмор на мозокот. Половина час дневно ќе го освежат вашиот мозок.
Бидете креативни
Правете работи што не се дел од вашата рутина. Доколку сакате да читате посебен жанр, пробајте нешто ново или пак згответе нешто без да се придржувате кон посебни рецепти.
Следете го биоритамот
На часовникот му е сеедно дали е 4 часот наутро или навечер, но на вашиот мозок не. Најдобро ги паметиме информациите наутро, а вечерта е добра за забава и прошетки.
Затоа обидете се да ги наместите овие активности според биоритамот.
Кратки одмори
Воглавно постојат неколку начини за активен одмор, а тоа се физички, духовен, психички и друштвен. Сите овие помогнуваат за намалување на стресот.
Затоа пробајте да направите неколку паузи дневно со тоа што ќе се одморите на некој од овие начини. Така ќе си помогнете да преживеете уште еден напорен ден.
Уживајте во сексот
Сексуалниот однос ја подобрува работата на срцето и на крвните садови и е одличен лек за лошото расположение кој ќе го релаксира вашиот мозок.

You must be logged in to post a comment Login