Се занимавате со интересна, стимулативна и креативна работа, која не ве заморува премногу туку ви ја поттикнува самодовербата? Токму успешната кариера и задоволството од работата ја стимулираат сексуалната желба!
Сите фактори што ја поттикнуваат самодовербата, а меѓу нив се и соодветната работа и успешната кариера, го поттикнуваат нашиот сексуален живот.
Наспроти врежаното мислење дека современата жена после дневните обврски нема време „ни да дише“, психолошките истражувања покажуваат дека токму жената што си ја сака работата е задоволна од себе, среќна и подготвена на страствен секс по напорниот ден.
Дека адреналинот го поттикнува сексапилот покажуваат и резултатите од анкетата што е неодамна спроведена во земјите на ЕУ, а која потврди дека жените што имаат „тежок ден“, во смисла на деловни и други обврски, чувствуваат повеќе страст од своите колешки што поминуваат „мирен ден“.
Жените што ја сакаат својата работа имаат помалку сексуални проблеми и поголема желба за страствена активност во споредба со жените што седат дома или својата работа ја работат без задоволство занимавајќи се со професија што не им дава предизвик.
Кариерата е добра за менталното здравје на жената бидејќи ѝ дава дополнителна самодоверба, а и времето што го поминува на работа поттикнува позитивни асоцијации на домот. Спротивно на жените од кариера, домаќинките почесто имаат проблеми со несигурноста и со самодовербата.

You must be logged in to post a comment Login