Време на подготовка: 1 часи 15 минути
Посно: Не
Состојки
3 јогурти (3×180 g)
300 гПченично брашно тип 550
250 г шеќер
120 мл масло
25 гкакао
2 лажички сода бикарбона
масло за премачкување на лимениот сад
За филот:
150 г путер
150 г чоколадо за готвење
120 г шеќер
120 мл млеко
Подготовка
Во еден сад ставете брашно, јогурт, масло, шеќер и сода бикарбона и мешајте ги со миксер 2 до 3 минути. Лимениот сад со димензија 20х30 см премачкајте го со масло и излејте ја смесата. Печете го тестото во загреана рерна на 200°C, околку 20 минути.
Путерот ставете го на рингла да се растопи, потоа тргнете го, додадете го чоколадото искршено на коцки, додајте млеко и шеќер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Оладете го колачот, а потоа прелијте го со чоколаден прелив.
Доколку не сакате да употребите вага, можете да користите мерката од јогуртот, ставете 3 чаши јогурт, 3 чаши од јогурт брашно, 2 чаши шеќер, 1 чаша масло, 3 супени лажици какао, 10 супени лажици млеко.

You must be logged in to post a comment Login