Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Слатки корпици

Припрема

Тесто:

  1. Во сад за мешање помешајте маргарин со сусам, додајте ладна вода па постепено додавајте брашно и смсете го во тесто.
  2. Потоа, на подлога со брашно развлечете го тестото во дебелина од околу 4мм.
  3. Извадете кругови, чија големина ќе биде одприлика колку големината на мафин. Секој круг од тесто преклопете го преку извртен силиконски калап за мафини и печете го на 200 степени додека корпиците благо поруменат.
  4. Готовите корпици извадете ги од рерната, оставете ги да се оладат и извадете ги од калапот.

Фил:

  1.  Згответе пилешки гради со целер и морков и ставете коцка за супа. ( месото не треба да се готви предолго ).
  2. Оставете го месото да се олади, а целерот и морковот исечете ги на коцки.
  3. Посебно исечете на ситно краставица, а јаболките излупете ги и исечете ги на коцки.
  4. Соединете го сецканото бело месо со сецканиот целер, морков, јаболко и краставица, додадете павлака и мајонез. Сето тоа убаво промешајте го. Посолете и ставете бибер по вкус.

Последен чекор:

Оладете ги корпиците полни со припремениот фил, а одозгора додадете печени несолени кикирики и послужете.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement