Во фитнес сала, дома или во природа – има некои општи правила за вршење на физичките активности.
Специјалистите препорачуваат доколку сакате да вежбате без предходно да јадете тоа би било најдобро да го направите наутро, затоа што организмот има резерви од вечерниот оброк. Покрај тоа, вежбите не треба да траат подолго од 30 минути, бидејќи постои опасност, ако нема доволно храна за согорување, телото да почне да ги користи мускулите како енергетски ресурс.
Јагледихратите се клучот. Тие го одржуваат нивото на шеќер во крвта Мал сендвич од ’ржан леб, суво грозје и банана се одличен извор на енергија пред вежбање.
Никогаш не го игнорирајте загревањето.
Направете неколку подскока,неколку движења за растегнување, кругови со рацете и нозете, свиткајте ги колената за да ги опуштите зглобовите и да ги загреете мускулите. Без растегнување и загревање ќе си навлечете многу проблеми – воспаление на мускулите и недоволно ефикасен тренинг.
Дишете
Дишењето го олеснува мускулното опуштање. Не го задржувајте воздухот во белите дробови. Следете ја кислородната потреба на телото. Дишењето се одвива во три дела – вдишување, издишување и пауза. Наместо на се мачите да го промените дишењето – следете го при физичкиот напор и забележете каде грешите. Постепено дишењето ќе се балансира.
Не претерувајте
Не се обидувајте да ги надминете своите можности. Резултат би можел да биде со спротивен ефект. При поставување во тешка положба, телото само дава самозаштитни рефлекси. Проценети ги внимателно можностите на вашето тело.
Бидете редовни
Спортувањето треба да биде редовно – најдобро е 3 пати неделно со времетраење од минимум 45 минути. Подобро е да вежбате 2 – 3 пати неделно по 45 минути отколку секој ден по 10 минути, кое не предизвикува никакво трошење на енергија. Редовната физичка активност го контролира гладот, ја подобрува функцијата на крвните садови и ја зголемува мускулната маса.

You must be logged in to post a comment Login