Љубовта е уникатно чувство која секоја личност барем еднаш го почуствувал, а кога сме вљубени се подразбира дека треба да бидеме заедно. Но што е доколку живеете оддалечени со километри? Сте се запознале на место и во време кога најмалку сте очекувале, преку работа, за време на студиите, на одмор.
Луѓето денес постојано патуваат некаде, работат во странство, често менуваат живеалишта, па така напорот да се успее во врска на далечина денес е задача со која се соочуваат многумина. Кај секој пар причините за оддалеченоста се различни, но сите делат иста грижа – дали вреди жртвата што ја преземаат и како да ја одржат љубовта жива.
Предности:
Помалку караници – времето што го имате на располагање сигурно нема да го користите за решавање на некакви дилеми, туку во нежности и прегратки.
Поголема приватност – не ќе морате да објаснувате за секој свој чекор, излегување со другари, доцнење и слично.
Помала монотоност – секоја ваша средба е исполнета, интересна, возбудлива, со многу теми за разговор и запознавање нови особини и доживувања.
Далечината ја одржува љубовта жива – Постојаното чекање на писмата, мејловите, телефонските разговори, ќе ја разгоруваат вашата страст и желбата да го видите.
Недостатоци:
Не се познавате доволно – ретките средби не ви дозволуваат да ги откриете неговите/нејзините лоши страни и целосно да се запознаете.
Нови навики – бидејќи не сте присутни во неговото секојдневје, може да ве изненади со нови навики што нема да ви се допаднат и нема да можете да ги надминете.
Тешки ситуации – во моментите кога најмногу ви е потребно присуството на партнерот вие ќе треба да се задоволите само со неговиот глас.
Отсуство на контрола – колку и да сакате, не може да дознаете и да учествувате во се што прави во слободното време. Тоа може да ве направи немоќни и љубоморни.
Некои велат дека далечината ја зацврстува љубовта, а пак други велат: „далеку од очи, далеку од срце“.

You must be logged in to post a comment Login