Кој тон ви одговара? Тоа е првиот и најтежок чекор при боење на косата. При изборот на нијанси секогаш имајте на ум за бојата на тенот и бојата на очите. Ако имате розевкаст или румен тен и сини или зелени очи најдобро ви стои неутрална беж и бојата на песокот, но избегнувајте боја со црвен одсјај. Ако имате потемен тен, бирајте потемни бои вклучувајки и црвени нијанси. Со светлиот тен најдобро идам темни нијасни и црвена фарба, како бојата на костенот. Ако вашата кожа е црвенкаста немојте да се фарбате во црвено. Личностите чија кожа е со топли тонови а очите кафени или црни треба да бираат бакарни и цвенкасти тонови.

You must be logged in to post a comment Login