Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Третина од жените би останале дома со своите бебиња ако можат тоа да си го дозволат

Повеќе од 60% од мајките најрадо би работеле со скратено работно време како би можеле подолго да останат со своите деца, а дури третина во потполност би се откажале од работата ако би можеле финансиски да го издржат тоа.

 

Иако повеќето жени би рекле дека кариерата им е многу важна во животот, како стануват мајки така им се менуваат приоритетите. Така секоја трета жена, по истекот на породилното отсуство радо би останала дома отколку да се врати на работа, покажала големата студија на Одделот за едукација на британската влада.

Според студијата, повеќе од 60% не се радуваат на враќањето на работа после раѓањето на детето туку би сакале да имаат скратено работно време. Сепак, главната причина заради која нема да се откажат од работата или да ги намалат саатите на работа е фактот што им е потребна од финансиска гледна точка.

Студијата кажува дека повеќе од две третини од вработените мајки радо би ги скратиле саатите на работа со цел повеќе време да минуваат со нивните деца.

– Владината студија открива дека бројот на  жени кои би сакале да се дома и да се грижат за своите деца е се поголем, но во модерните општества денес константно се нагласува само дека жените сакаат да градат кариера. – коментира Лаура Перинс од здружението “Мајките се битни дома”.

Таа додава дека на мајките кои сакаат да останат дома треба да им се пружат повеќе законски погодности и поддршка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement