Празниците се време кога се собираме со најмилите членови на семејството, дознаваме што ново се случува во нивните животи и одговараме на иритирачки прашања од типот: „А ти кога планираш да се омажиш?“. Пред да „гракнеш“ на твојата тетка која сака конечно да го промениш своето презиме, смири се и прочитај ги неколкуте работи кои дефинитивно мора да ги направиш пред да се омажиш. И изрецитирај ги на таа истата тетка.
Да заминеш на патување на животот – како на филм, со најдобрите другарки или со својата сестра.
Да спиеш со потполно непознат странец – по можност на патувањето на животот.
Да патуваш со момчето – идеална шанса да видиш дали воопшто можете да функционирате во поинакви услови.
Да имаш скршено срце – секоја жена мора да го има барем еднаш, за да научи да го цени мажот кој нема да и го скрши срцето.
Да оставиш некого – ако не оди, не оди.
Да живееш сама – бидејќи дури тогаш кога ќе научиш дали можеш да бидеш среќна со некој друг.
Да живееш со момчето – ако веќе сега не ги поднесуваш неговите чорапи на подот, ќе ти сметаат и подоцна.
Да научиш да готвиш – за себе, а за некого кој ќе ужива во тоа готвење.
Да имаш пријател со бенефиции – некој кој ќе биде тука кога ќе ти треба за секс, и кој нема да биде тука кога нема да ти треба.
Да се разгалиш – кога ќе се омажиш, ќе сакаш да го разгалиш сопругот, а сега е време за тебе.
Да бидеш самостојна – бракот е супер, посебно ако во него влезеш како потполно независна жена.

You must be logged in to post a comment Login