Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Сакате добар секс? Ова е рецептот!

Понекогаш добриот секс e како навистина тежок рецепт. Ние сакаме готвење, а секој добар готвач знае дека рецептот е квалитетен ако состојките се вкусни и начинот на готвење е правилен. Затоа секогаш бирајте одлични состојки. Ова е важно ако сакате да добиете вкусна вечера.

Спонтаност

Спонтаноста е патот до успех во секој дел од романсата, вклучувајќи ја и сексуалноста. Сексот, како и сè друго, може да стане рутина и монотон. Зачинете го малку со спонтаност.

Емоции

Луѓето можат да уживаат во сексот со лимитирана емоционална поврзаност, но за повеќето од нас длабоката емоционална поврзаност е неопходна за добар секс. Добриот секс е многу повеќе од допирање, стимулација и оргазми. Треба да се стимулираат и умот и телото.

Безбедни

Луѓето треба да се чувствуваат безбедни кога се со своите партнери. Ако направите вашиот партнер да се чувствува безбедно и удобно, тогаш сексот без сомнение ќе биде одличен.

Добро расположение

Ако вашите мисли летаат кон проблемите на работа или пак, вашите мисли се преокупирани со други работи и сте депресивни, нема да имате добар секс. Двајцата партнери треба да бидат расположени за секс и да ги насочат мислите целосно кон сексуалниот чин.

Слични интереси

Вие двајца треба да сакате слични работи, да сакате да пробате нови нешта, а впрочем да се надополнувате во истите.

Љубов

Сите знаеме дека сексот е подобар кога сме заљубени. Дали има потреба да зборуваме за ова повеќе?

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement