Ако мислите дека ќе ве советуваме да јадете помалку и да станете потполно слаба – се лажете. Едноставно ќе ви откриеме неколку трикови кои ќе можете доколку сакате да ја сокриете малку поголемата половина.
Правилата се едноставни.
- Кога бирате фустани, бирајте ги оние од !-кројот. Овој крој е благороден, бидејки ги истакнува вашите нозе и го одвлекува вниманието од половината.
- Немојте да облекувате претесна облека и немојте да ставате каиш со машна. Никако.
- Купете кошула со рамен крој со крагна. Ова парче облека носете го со комотни фармерки, но кошулата немојте да ја ставате внатре, туку оставете ја да паѓа. Резултатот е – едноставно, секси и без широка половина.
- Облечете макси фустан со срцолик израз. Сите очи ќе бидат вперени во вашиот тен и вашето елегантно истакнато деколте.
- Кажете не на материјалите кои не се природни. Бирајте и купувајте ги оние природните, кои не ја стегаат вашата кожа и не го оцртуваат вишокот килограми.
- Кога облекувате свечена тоалета, преку тоа облечете сако од машки крој.
- Носете маици и фустани кои ќе ги истакнат вашите рамена и подрачјето на градите. Така ќе го одвлечете вниманието од половината.

You must be logged in to post a comment Login