Многу добор е познато дека маслиновото масло е здраво и е добро за нашиот организам, но и за нашата убавина. Покрај тоа што е неопходно во кујната, маслиновото масло може одлично да служи и во бањата.
На пример, ако имате сува кожа, тоа може да ви помогне. Загрејте пола шоља маслиново масло и нанесте го на косата, која потоа ќе ја прекриете со пластична кеса врз која ќе ставите пешкир. Оставете да делува 45 минути и потоа темелно измијте ја косата со шампон.
Ако имате проблематична кожа и не можете да се решите од акните, многумина тврдат дека токму маслиновото масло им помогнало во решавања на овој проблем. Измешајте 4 лажици сол со 3 лажици маслиново масло. Смесата нанесте ја нежно на лицето. Оставете да делува околу 1-2 минути, а потоа лицето измијте го со сапун и млака вода. Со помош на солта ќе ги изчистите порите, а со маслоново масло ќе ја вратите природната влажност и сјајот на кожата.
Маслиновото масло може да ви биде идеална замена кога ќе ви се потроши гелот за бричење. Сапунот нема доволно да ја омекне кожата, за разлика од маслиновото масло кое ќе ви овозможи после бричењето нозете да ви бидат меки и нежни.

You must be logged in to post a comment Login