Испуканите краеви на косата можат да предизвикаат нејзино сушење, но и опаѓање. Доколку сте во фаза на пуштање на косата и сте забележале дека краевите се веќе испукани и не ви се оди на фризер само поради неколку сантиметри, еве неколку природни маски кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем.
1. Маска од банана и мед – Изгмечете во сад една банана и додадете лажичка мед. Доколку смесата ви е премногу густа можете да додадете и малку млеко. Смесата внимателно нанесете ја на корените и оставете ја да делува 20 минути, или додека смесата не се исуши. По тоа исперете ја косата со шампон. Третманот можете да го поновувате пред секое миење, а резултатот е загарантиран.
2. Маска од јогурт и папаја – Папајата ја храни косата подобро од било кој купен препарат. Исто како и кај маската од банана, изгмечете на папајата и додадете малку јогурт, па смесата нанесете ја на корените и пуштете да одстои 20 минути. Исперете ја косата прво со млака вода, оставете така уште 2-3 минути и потоа исперете ја со шампон.
3. Маска од авокадо и бадеми – Авокадото е природен балзам за коса. Исто како и претходните две маски, изгмечете го авокадото и додадете му неколку капки бадемово масло. Нанесете ја маската на краевите на косата и оставете ја да делува 15 минути. Потоа исперете ја косата со благ шампон. Оваа маска можете да ја користите еднаш во неделата.

You must be logged in to post a comment Login