Денешната маска е одличен избор за дамите со кафена, темно кафена и црна коса. За да и овозможите на својата коса да блесне со целата своја убавина, треба да и помогнете со редовна грижа. Најдоброто решение е тоа да бидат природни и органски намиринци, брзо и ефикасно, ефтино и во домашни услови. Бидете сигурни дека не постои подобар препарат од оној што сами ќе си го приготвите од свежи намиринци. Останатите козметички производи, повеќе или помалку, без исклучок создржат хемиски компоненти кои ги имаат своите лоши страни.
И така, да се вратиме на темата. Маската се приготвува лесно и е наменета за висок сјај и хидратација на косата. Потребни намирници:
1 супена лажица црн чај
1 супена лажица рум
1 супена лажица масло од орев
Чајот се приготвува од 2 кесечки црн чај во 200 мл врела вода каде ќе отстои 20 мин. Во зависност од должината на косата ќе ја зголемите количината на чај во маската, а останатите компоненти остануваат исти. Измешајте ги добро сите намирници. Нанесете по целата должина на косата и оставете да делува 1 час. Се мие со благ шампон и млака вода. Маската се прави еднаш седмично.

You must be logged in to post a comment Login