Таканаречените “манијаци за забава” имаат најголемо влијание меѓу пријателите, но што ќе се случи ако испијат повеќе?
Ја знаете онаа личност во вашата екипа која е задолжена за забава? Епа, можно е да има проблем со алкохолот. Новата студија тврди дека луѓето кои повеќе пијат имаат и подобар социјален статус меѓу пријателите. А истотака ќе ве наведат и вас да пијете повеќе.
Др Тара Дума од канадскиот Центар за контрола на зависностите, испитала 357 млади луѓе во моментот кога оделе во бар. Од нив е побарано да го одредат статусот во групата на секој од своите пријатели, а помеѓу останатото одредувале и колку “манијакот за забава” од нивната екипа пие.
Резултатот покажал дека оние кои можат највеќе да испијат имаат и најголем статус во друштвото. Сепак, дури и меѓу најпопуларните конзументи на алкохол постои граница.
Имено, ако испиете повеќе од 12 пијалоци вашето влијание меѓу пријателите опаѓа.
Ова е веројатно онаа точка кога веќе не сте забавни, туку станувате терет на своите пријатели. Никој не сака после добра журка да ве носи дома на грб додека вие повраќате врз нивните чевли.

You must be logged in to post a comment Login