Ви претставуваме неколку совети како да ги зајакнете мускулите кои се одговорни за вашата сексуална среќа. Легнете на грб, свиткајте ги нозете, а стапалата позиционирајте ги така што ќе го допираат подот. Помеѓу колената би требало да ставите топка. Работете на контракција на Кегеловите мускули. Земете воздух и почуствувајте тензија која се шири на стомакот и половината. Малку подигнете ја главата и рамената од подот и во таа позиција останете 10 секунди.
Кога мускулите ќе ги доведете во топ форма, ќе ви бидат адут за редовни средби со оргазамот и повеќестепено уживање.

You must be logged in to post a comment Login