Главоболка
Поради нивото на естроген, кое е многу ниско за време на менструалниот циклус и влијае на „хемискиот“ баланс на мозокот, можни се главоболки и мигрени. Ако пиете лекови против болки и не помагаат, пробајте со антибеби пилули, кои го одржуваат нивото на естроген еднакво цел месец.
Несмасни сте
Не е ништо чудно ако правите грешки за „глупави“ работи. Некои студии за атлетичарките покажале дека тренинзите им се одвиваат со побавно темпо за време на циклусот. Истотака, е докажано дека жените се малку чудни во овој период од месецот. Објаснување: Надуени сте, тоа ве прави нестабилни, односно целата моторика на телото е отежната.
Збунети сте
Вообичаено е да се чувствувате помалку конфузно непосредно пред менструација. Иако не е докажано зошто тоа се случува, објаснувањето можеби лежи во промената на нивото на естрогенот и прогестеронот, кои можат да влијаат на концентрацијата.
„Суви“ очи
Многу жени се жалат на очите, а за ваквата состојба, истотака, е важно нивото на естроген во организмот: хормоните помагаат во регулирање на влажноста не телото.

You must be logged in to post a comment Login