Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Домашен пилинг против испукани усни

Со доаѓањето на студеното време треба да водиме сметка за усните. Студениот воздух многу ги суши и тогаш тие пукаат. Доколку сакате веднаш во старт тоа да го спречите ви претставуваме домашни рецепти кои сигурно ќе ви помогнат.

Бадеми – Потребна ви е лажица павлака, лажица вел шеќер, лажица мелени бадеми и лажица маслиново масло. Сите состојки измешајте ги, нанесете го пилингот на усните и нежно истријте ја кожата на усните со кружни движења. Потоа усните исплакнете ги со топла па потоа со ладна вода и на крајот само исушете ги.

Лимон – Како природно средство за одстранување на мртви ќелии се одлични цитрусите. Во сад ставете лажица сок од лимон и лажица рицинусово масло со глицерин. Мешавината треба да ја нанесете на усните и да оставите да се исуши преку ноќта, па наутро само треба да ги измиете усните.

Кафе – Во сад ставете половина лажица крем или лосион, четвртина лажица свежо мелено кафе и четвртина лажица сол. Со смесата измасирајте ги усните, оставете малку да одстои и потоа измијте се со млака вода.

Мед – Медот ја чисти кожата и делува антибактериски. Ставете во сад лажица мед, кафен или бел шеќер и неколку капки вода па со смесата измасирајте ги усните. По тоа измијте ги со млака вода и нахранете ги со хидратантна крема.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement