Студените денови веќе пристигнаа, а се ближат и празниците. Во овој период црвената боја е секогаш центар на случувањата. Шанел во пунудата решиле да ги вратат трите култни црвени нијанси на своите лакови Les Rouges de Chanel од 1980-тите години.
Трите нови тонови се состојат од класична заводлива црвена боја со наслов Flamboyant Rouge, потемната нијаса со боја на црно вино со наслов Lacque Rouge и бојата на зрела маслина со светлечки честици со наслов Rouge No19. Со ваков избор нема да биде тешко да се пронајде својата омилена нијанса.

You must be logged in to post a comment Login