Трчањето може да ви помогне при губење на несаканите килограми, да ве врати во форма и да го подобри вашето тело (мускулите и поткожното масно ткиво), а за сето тоа потребно е да трчате во различни брзини и на различни растојанија.
Сето тоа сепак зависи од вас, односно од вашата физичка состојба и здравјето. За сите почетници, најважна е истрајноста на тренингот, а потребно е време за да се биде во форма.
Предности на трчањето се:
– Намалување на тежината
– Подобар кардиоваскуларен и респираторен систем
– Намалување на нивото на холестеролот
– Зајакнување на коските
– Зајакнување на имунолошкиот систем
– Подобрување на самодовербата и емоционалната состојба
И не заборавајте, редовното трчање може да ги забави ефектите на стареењето.

You must be logged in to post a comment Login