Со доаѓањето на ладните денови поголемиот дел од жените се борат со виткањето на косата која ја предизвикува влагата во воздухот. Ви донесуваме неколку совети како тоа да го спречите.
Не заборавајте регенератор – Тајната на рамната коса се крие во одржувањето на влажноста во влакната. Редовно нанесувајте регенератор кој содржи глицерин или shea масло. Ако мислите дека регенераторот ќе ја залепи косата тогаш нанесувајте го само на врвовите.
Користете маска за коса – Додадете на косата влажност со помош на маските кои содржат протеин свила, глицерин или растително масло кои се борат против сушење. Таквата маска нанесувајте ја барем еднаш во неделата.
Природно сушете ја косата – Пуштете ја барем 90% косата да се исуши по природен пат. Топлиот воздух од фенот ја отстранува влагата од косата и така предизвикува виткање. Користете го фенот пред крајот за посакуваното обликување.
Планирајте однапред – Од дома не излегувајте без силни штипки, шноли и лак за косата кои ќе ви помогнат за да направите фризури нешто како пунџа.

You must be logged in to post a comment Login