Иако секогаш сакате да имате беспрекорна фризура, некогаш е веројатно да немате време да посветите за фенирање. Постои начин на кој сушењето на косата може да се забрза, а ви го откриваме тоа како да го сторите.
Пешкир и памучна маица – По миење на косата, нежно замотајте ја во стара памучна маица, а потоа и пешкир. Со така замотана коса можете да ја испеглате облеката или да се нашминкате. Што подолго стои на косата, така повеќе ќе упие турбанот, со тоа што ќе го олесне сушењето.
Керамичка четка – Со керамичката четка полесно ќе ја усмерите топлината и побрзо ќе ја исушите косата. Таквата четка ќе ви овозможи и најдобар проток на воздух.
Јонски фен – Јонскиот фен може да го преполови сушењето на косата. Овој фен произведува јони кои се наелектризирани молекули. Јоните имаат негативен набој, каде побрзо се врзуваат овозможувајки водата побрзо да испари.
Усмерете ја топлината – Кога ја сушите косата воздухот од фенот усмерете го према надоле, од кореноте накај врвовите на влакната. На овој начин водата побрзо ќе се исуши и ќе постигне заладена фризура без влакна кои штрчат без ред.

You must be logged in to post a comment Login