Оваа поза ќе ви помогне да ги истегнете мускулите во скоро цело тело, а особено е добродојдена на крајот на работниот ден.
Положбата на телото позната под името “хастападотасана” е одлична за опуштање после долг работен ден. Ќе ви помогне кај помали проблеми со варење на храната а благодарение на учеството на стомачните мускули допридонесува и за нивно затегање.
Оваа вежба изведувајте ја и пред да се припремите за вечерното искачање – поради поголемиот проток на крв во лицето, тенот ќе добие нов свеж сјај.
Како се изведува: Застанете со нозете малку подраширени, во должина на реманата. Испружете ги рацете напред пред главата, така да осетите како ви се истегнува грбот. Потоа полека почнете да се навалувате нанапред, се додека не осетите дека дланките го допреле подот. Пробајте со главата да ги допрете колената. Повеќето луѓе не успеваат да ја направат од прва, но не се грижете, пробувајте по малку, и на крајот резултатите ќе дојдат сами. Кога ќе стигнете во конечната положба, продолжете да дишете нормално. Останете во оваа поза се додека не се осетите пријатно
Внимание: Оваа поза не треба да ја прават луѓе кои патат од спондилоза, висок притисок и срцеви болести.

You must be logged in to post a comment Login