Состојки:
2 средни тиквички
100 гр фета сирење
100 гр кашкавал
Маринада
3 лажици оцет балсамико
5 лажици маслиново масло
2 главички бел лук
сол, пипер и рендана кора од лимон
Подготовка:
Иситнете го белиот лук, додадете оцет балсамико, маслиново масло, зачини и малку рендана кора од лином. Добро промешајте.
Тиквичките исечете ги по должина на тенки парчиња. Потоа ставете ги во маринадата, да одстојат најмалку пет часа.
Откако убаво ќе се измаринираат, секое тиквиче печете го во грил тава неколку минути додека добро не порумени.
Тиквичките ставете ги во чинија, одозгора ставете коцкички фета сирење и изрендан кашаквал. Можете да декорирате со свежо ливче нане или ситно исечкан магданос.

You must be logged in to post a comment Login