Убавата и негувана коса може да имате и без трошење на многу пари. Домашните маски за коса често се многу подобар избор од оние од продавница. За нега на сува коса ви прикажуваме многу едноставен рецепт со само две состојки.
Измешајте 2 лажици мед со 2 лажици лимонов сок. Добро измешајте, па потоа смесата нанесете ја од коренот до врвовите на косата. Оставете ја смесата да делува од 10 до 15 минути, па потоа косата измијте ја на вообичаениот начин.

You must be logged in to post a comment Login