Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Еве како да слабеете по половина килограм неделно

За да изгубите по половина килограм неделно морате да исфрлите по 3.500 калории од исхраната. Најдобриот начин за тоа е да научите како дневно да заштедите по 500 калории. Еве неколку едноставни начини за тоа.

Исфрлете го сирењето од сендвичот – Само едно парче сирење содржи од 80-100 калории, а вие сигурно ќе ставите 3-4 парчиња. Сметајте колку калории ќе внесете. Само ако три пати го исфрлите сирењето од сендвичот, може да изгубите околу 1.200 калории.

Јадете плескавица без леб – Зошто да не ја замотате плескавицата во салата да речеме? Само едно бело лепче покрива половина внес на препорачливи калории за еден ден.

Зачинете ја салатата со лимон – Дресингот е права калориска бомба, затоа прескокнувајте го и наместо тоа исцедете по половина парче лимон преку својата салата. На тој начин ќе заштедите по 200 калории.

Зачинете ги житариците со бадемово млеко – Не само што е повкусно, бадемовото млеко има само 30 калории, за разлика од обичното кое има 70 калории.

Ставајте помалку масло кога готвите – Маслото може да додаде дури 300 калории во еден оброк. Пробајте да купите прскалка и на тој начин ќе ставате помал слој на масло во тавата.

Пица со потенка кора – Целото тесто се само додатни калории, а со самото тоа и килограмите. Научете да правите супер – тенка пица и прескокнете го месото, а намалете ја и количината на сирење на пицата. Ќе заштедите сигурно од 200 до 300 калории.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement