Не залажувајте се себеси! Проверете дали си го трошите времето поради лоша организација на обврските и навиките.
Сите сме го правете тоа: стануваме рано, доаѓаме дома доцна и зафатени сме преку целиот ден… и на крајот на денот изгледа како да не сме постигнале многу! Можеби е време да се запрашате дали трошите дел од работното време напразно?
Дали постојано работите на повеќе работи истовремено?
Ако одговорот е ДА, веројатно премногу често го менувате фокусот на вашето внимание. Заштедете време така што вашето внимание ќе биде насочено кон само една работа, која ќе ја завршите пред да започнете со друга. Посветете ѝ го на задачата времето и вниманието кое го заслужува, направете ја правилно, така што нема да има потреба да го повторувате направеното.
Дали вашето сандаче владее со вас?
Мејловите се еден од најголемите причинители за изгубеното време во модерниот свет. Не дозволувајте вашиот „инбокс“ да го контролира вашето време. Доколку многу често го проверувате, веројатно ви одзема многу од продуктивното време.
Дали секогаш ги примате телефонските повици?
Ако одговорот е ДА, тогаш веројатно трошите многу време на разговори кои се од приватен карактер и одземаат од вашето работно време. Одговарајте на приватните повиците за време на паузата или по работното време.
Дали знаете да кажете НЕ?
Во работните денови најверојатно добивате понуди да посетувате настани или да работите на дополнителни проекти кои го зголемуваат стресот во вашиот и онака пренатрупан распоред. Научете учтиво да кажете НЕ на оние нешта кои во суштина и не се дел од вашата работа, така што ќе имате повеќе време за себе и за вашите најблиски. Нема потреба да смислувате оправдувања – едноставно објаснете ѝ на личноста која бара нешто такво од вас дека сте премногу зафатени и дека немате време за дополнителни активности.
Дали „си играте“ на Интернет?
Зачудувачки е тоа колку време умееме да поминеме на социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер. Кога еднаш ќе се логирате во текот на работното време, не е лесно да кликнете и да се одјавите. Социјалните мрежи оставете ги за вашето слободно време.
Дали муабетите со колегите?
Бидете искрени! Разговорите кои почнуваат со едноставен поздрав најчесто се претвораат во долги дискусии. Бидете учтиви со вашите колеги, но запомнете дека канцеларијата е место за работа. Поздравете ги и продолжете со својата работа.
Дали имате распоред?
Ако одговорот е НЕ, тогаш сега е вистинско време да направите распоред на активности. На листата ставете сѐ што треба да завршите и зададете си приоритети. Ако имате обврски кои треба да ги завршите надвор од канцеларијата, направете распоред со кој нема да трошите непотребно време и пари за превоз. Мало планирање може да придонесе многу за ефективноста.

You must be logged in to post a comment Login