Сакате да ја осветлите косата, но не сакате да користите фарба? Тогаш направете сами спреј за коса. Предноста е што нема да ја оштетите косата како што можеби би ја оштетиле со шатирање, а освен тоа ќе добиете природен изглед на косата, но ќе ви треба малку стрпливост.
Еве што ви е потребно за спрејот и како да го направите: Потребно: • ½ чаша вода • ¼ хидроген пероксид • ¼ лимонов сок • ½ готов силен чај од камилица • Шишенце со пумпа за прскање Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во шише и полека мешајте додека целосно не се изедначат. Испрскајте на сува коса и стилизирајте ја како што ја стилизирате секогаш. Ако чекањето не ви е силна страна, тогаш сушете ја косата со фен редовно и резултатите побрзо ќе бидат видливи.
Совет плус: Потребни се неколку употреби додека ги забележите резултатите. Ако бојата на косата ви е потемна, тогаш спрејот ќе ви ја осветли косата малку, односно ќе добиете нијанса како бринета или малку кон алова боја, но не и руса. Добро е косата веднаш по миењето да ја плакнете со концентриран црн чај. Црниот чај содржи танинска киселина која природно ја посветлува косата. Сепак, ако сакате да имате 3 нијанси посветл од нијансата на вашата коса, тогаш подобро е да одите на фризер.
You must be logged in to post a comment Login