Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Матиран лак за нокти: сами направете супер ефект

Лакот за нокти е инстант подигнувач на стилот кој во момент може да ја освежи дневната или вечерната комбинација. Еден од актуелните трендови на маникирите се моментално мат ноктите, односно лак без одсјај. Сакате ли ноктите да ги украсите со ваков детал, а да не купувате нов лак, туку брзо и лесно да направите сами дома.

  1. Обичен лак претворете го во мат
  • Поклопец или сад за мешање
  • Чачкалица
  • Лак за нокти во боја по желба
  • Пченкарен скроб

Во сад со апликаторот капнете малку лак за нокти. Во него мешајте со малку пченкарен скроб и со чачкалица измешајте ги состојките. Со апликаторот мора веднаш да нанесете лак на ноктот и тоа во подебел слој и оставете да се исуши. По лакирање, апликаторот добро пребришете го со одстранувач за нокти.

  1. Прозирен лак претворете во мат
  • Поклопец или сад за мешање
  • Чачкалица
  • Прозирен лак за нокти
  • Мат сенка за очи

Сенката за очи во прав истресете ја во сад, а ако е во камен истолчете во прав. Со апликаторот накапнете прозирен лак за нокти по сенката и со чачкалица добро измешајте додека состојките не се врзат потполно. Лакот нанесете го со апликатор на нокт и оставете да се исуши. По лакирање, апликаторот добро пребришете го со одстранувач на лак за нокти.

httpv://www.youtube.com/watch?v=m2uP5IUTAIM

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement