Постапката се нуди во скоро сите козметички салони, но успешно може се извршува и дома. Есента и пролетта се соодветни сезони за ваква козметичка нега.
Екфолијацијата може да се направи со производи кои содржат тврди честички, како гранули. При активно масирање на веќе подготвената кожа се отстранува и чисти површинскиот слој и кожата станува мазна и мека, со рамномерен тен и видливо подмладена. Пилинг производи има како за лице така и за тело. Освен гранули во различни големини производите можат да содржат и состојки кои ја омекнуваат кожата и овошни киселини.
Но внимавајте, со пилингот не треба да се претерува. Во поголемиот број случаи е дозволено најмногу еднаш или два пати неделно. Зачестеното третирање ја прави кожата чувствителна, се појавува црвенило и се нарушува хидролипидниот баланс. Само грубите места смеат да се третираат почесто, како што се петите лактите или колената.
Пилинг не треба да нанесувате во пределот околу очите, бидејќи кожата таму е тенка и чувствителна, но затоа не пропуштајте го вратот и деколтето.
Потребни ви се морска сол или морски песок, мед, маслиново масло, малку павлака, жолчка, и пилинг кремот е готов. Во смесата можете да додадете неколку капки сок од лимон или ампула со витамини.

You must be logged in to post a comment Login