Жените кои користат Парацетамол за време на бременоста, може да го зголемат ризикотнивното дете да биде хиперактивно.
Иако Парацетамолот е еден од најчесто користените лекови за ублажување на болката, истражувачи од Нов Зеланд гипредупредуваат идните мајки наопасноста од неговото користење за време на бременоста.
– Најновите истражувања се „алармантни“. Во истражувањето учествуваа 871бебиња од различни земји од Европа. По употребата напарацетамол за времена 9-те месеци бременост, многу од децата развија проблеми со однесувањетопомеѓу 7 и 11-годишна возраст.Доказите дека дури и мали дози парацетамолво текот на бременоста можат да влијаат на однесувањето на малите деца подесетинагодини се загрижувачки. Затоа им препорачуваме на мајките да гоизбегнуваат, истакна авторот на студијата д-р Џон Томпсон.

You must be logged in to post a comment Login