Ако имате ваков проблем, решението немојте да го барате на полиците од продавниците. Природното решение може да биде многу поделотворно, па затоа ви откриваме како да го спречите опаднувањето на косата на потполно природен начин.
Третман со врело масло – Било кое природно масло (маслиново, кокосово, рицинусово,…) вмасирајте го на главата. Маслото не треба да биде премногу топло за да не ви создаде чувство на непријатност. На косата ставете најлон и замотајте ја во пешкир. Оставете да делува еден час, а потоа исплакнете ја косата темелно.
Природен сок – Главата можете да ја измасирате со сок од лук или ѓумбир. Оставете да делува што подолго, а потоа исплакнете.
Масажа – Масажата стимулира циркулација. Добрата циркулација ги одржува фоликулите на влакното активни, правејќи ја косата здрава. Главата можете нежно да ја измасирате со врвовите на прстите или масажа да направите со некое од природните масла.
Антиоксиданти – Ставете две кесички зелен чај во една чаша топла вода. Топлиот чај вмасирајте го на главата и оставете да делува 1 час. Зелениот чај содржи антиоксиднати кои поттикнуваат раст на косата, а спречуваат опаднување.
Стрес – Чест пријател на косата што опаѓа е стресот. Затоа, пронајдете начин како да се ослободите од него.

You must be logged in to post a comment Login