Жените во најдобар секс уживаат во 28 година додека машките треба да причекаат уште пет години. Резултатите од истражувањето кое се спровело на интернет страницата “Lovehoney.co.uk” се потполно спротивни на претходното истражување кое покажа дека машките најмногу уживаат во сексот на 18 години а жените на 30.
Меѓутоа се покажало дека кога во прашање е квантитетот на сексуалните односи и двата пола најмногу уживаат во дваесетите години, односно жените со 25 години а мажите со 29 години.
Најмногу се има секс на почетокот на врската, додека сексуалната желба е сеуште свежа, а најдобар секс се доживува кога го запознаваме телото на партнерот односно партнерката.

You must be logged in to post a comment Login