Креациите на Gemy Maalouf се секогаш елегантни и модерни, а во исто време и возбудливи, а со колекцијата 2015, либанскиот дизајнер ги поместува границите помеѓу минатото, сегашноста и иднината со ултра модерни финеси. Винтиџ линиите обезбедуваат референтна точка за истржување на нови силуети, а многу од нив се карактеризираат со сензуална игра на транспарентност и структура.
Оваа колекција претставува свежина во невестинската сфера, и е совршена за невести кои се во потрага по софистициран и нетрадиционален изглед на нивната свадба.










You must be logged in to post a comment Login