Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Изборете се со сувата коса

Сите ги гледаме оние гламурозни коси од рекламите и посакуваме и нашата коса да биде таква. Ако сакате да се изборите против сувата коса и ако сакате вашата коса да биде здрава и негувана потрудете се да ги следите следниве ефикасни совети.

Немојте често да ја миете косата

Вашата коса не треба да се мие секој ден, посебно ако имате сува коса. Миењето може да направи да биде многу посува, а тоа не ни е целта нели? Препорачливо е сувата коса да се мие секој втор или трет ден ако тоа е возможно.

Обидете се со масло од Арган

Маслото од Арган е одличен лек за сува и оштетена коса, а исто така го забрзува и нејзииот раст. Арган маслото нема да ја претвори сувата коса во мрсна, туку ќе и помогне полека да апсорбира влага од маслото правејќи ја мека, свиленкаста и сјајна.

Не ја чешлајте косата премногу

Четкање на вашата коса може да прави да се чувствувате добро, но не е препорачливо за сувата коса. Ако сте слушнале дека чешлањето 100 пати на ден ќе и помогне на сувата коса тогаш се лажете.

Капсули со рибино масло

Сме слушнале дека капсулите со рибино масло помагаат за губење на тежината, тие се природни анти-депресиви, ја подобруваат кожата, а можат и да помогнат доколку имате сува коса. Рибиното масло содржи омега 3 масни киселини, кои се одлични за нашите зглобови, коса, кожа и го спречува воспалението.

Купувајте производи за коса од природни состојки

Многу евтини, популарни брендови нудат производи со состојки како масло од авокадо, путер или маслиново масло. Избегнувајте брендови кои имаат премногу хемикалии бидејќи ја сушат косата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement