Доколку сакате правилно да ги нагласите контурите на вашето лице, без видливи премини или несовршеност, по примерот на Холивудските ѕвезди прочитајте ги овие совети препорачани од светските шминкери.
Прво нешто на кое треба да мислите е изборот на правилна нијанса на руменило, слична на вашиот природен тен. За посветла кожа одберете нијанса на посветла карамела, додека за потемен или маслинест тен одберете нијанса или две потемна од вашиот тен.
Нанесете го производот на вашиот показалец и потоа вишокот истресете го на горниот дел од вашата дланка. Со тоа ќе го отстраните вишокот на прав кој би изгледал претешко на вашето лице.
Нанесувањето на руменило на лицето правете го со бавни и лесни потези, со цел руменилото да изгледа природно.
Вовлечете ги образите така што ќе дефинирате каде точно ви се наоѓаат јаболчниците (тоа е особено важно за лица со овално и полничко лице), а потоа со мали потези нанесете го производот центиметар под јаболчниците, со цел визуелно да ги истакнете и „продлабочите“. Секогаш во огледало споредете ја левата и десната страна, така што ќе бидете сигурни дека се поеднакво се истакнати. Дури потоа нанесете уште еден слој ако е потребно. Нијансите градете ги постепено.
За да бидете сигурни во долготрајноста на сенчаните делови, преку руменилото нанесете транспарентна пудра со минимално светкави честици, со цел да ја „фиксирате“ шминката. За крај, доколку имате некоја особина на лицето која сакате да ја прикриете, тоа ќе го постигнете со тоа што ќе истакнете што со кое се гордеете, како на пример очите или усните.

You must be logged in to post a comment Login