Рачната масажа со техника на штипење, масирање со дланки и стискање е поделотворна од масажите со апарати за отстранување на целулит. Докажано е дека најголемиот непријател на целулитот е здравата исхрана, зголемената количина вода и вежбање со масажи. Експертите велат дека масажата против целулит за да биде делотворна не смее да биде блага, а иако е непријатна, не смее да остава маснотии и оштетена кожа.
За да го спречите тоа, важно е добри да ги намачкате нозете и задникот со масло, подрачјата на кои најмногу се собира целулит. Најдобро е да земете масло од бадем, кое докажано подобрува циркулацијата а со самото тоа го намалува целулитот. Нанесете масло од стапала до колена за да го подобрите протокот на крвта низ вените и капиларите. Секој дел од ногат пробајте да го масирате барем по 1 минута.
Масажа со штипење
httpv://www.youtube.com/watch?v=RgiqnNUxFmc
Опуштете ги мускулите и фатете ги деловите од кожата во обем на рацете како да цедите пешкир. На овој начин масирајте ги бутините и проблематичните подрачја на колковите.
Масирање со дланки
Со дланките гмечете ги подрачјата зафатени со целулит. Со силно стискање ќе ги разбиете масните наслаги, па така и метаболизмот потоа подобро се бори со нив.
Погледнете уште неколку техники за намалување на целулит во следното видео.
httpv://www.youtube.com/watch?v=u81mzGQhwcQ

You must be logged in to post a comment Login