Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Избегнете прерана смрт: 4 фактори го одредуваат вашиот животен век

Научниците во новата студија наведуваат како со избегнување на четири лоши навики, сепак, можете да го продолжите животниот век.

Според новата студија објавена во магазинот Превентативна Медицина животниот век е можно да го продолжите ако се избегнуваат четири лоши животни навики: пушење, алкохол, лоша исхрана и неактивност.

Во истражувањето научниците од Универзитетот во Цирих учествувале 16 721 луѓе, во возраст од 16 до 90 години. Целта на истражувањето била да се утврди како здравите животни навики изгледаат изразено во бројки и да се докаже како избегнувањето на нездравите фактори може да допринесе во продолжувањето на очекуваниот животен век. Истражувањето покажало дека пушењето дефинитивно е најголем фактор на ризик, а пушачите имаат 57% поголем ризик од прерана смрт. Исто така, луѓето кои не избегнуваат ниедна од четирите лоши навики имаат два ипол пати поголем ризик од прерана смрт.

„Бевме прилично изненадени, два ипол пати поголем ризик од прерана смрт кои го создаваат овие четири фактори кога се комбинираат. На пример, веројатноста дека 75 годишен маж, кој не избегнува ниту еден од овие фактори, да ги доживее наредните десет години е само со 35% веројатност. Но ако истата особа  ги избегнува наведените ризични фактори шансите за подолг живот изнесуваат 67%“, вели научникот.

Освен тоа влијанието на нездравиот начин на живот се зголемува со годините. За стари особи, меѓу 45-50 години кои пушат, пијат алкохол, не вежбаат и нездраво се хранат ефектот од негативните фактори е значително помал во споредба со оние од 65-75 години. Шансите да особата од 75 години која живее здраво ги доживее следните десет години изнесува 67%.

Совет: хранете се здраво, вежбајте и одвикнете се од порокот, и телото ќе ви биде благодарно во подоцните години.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement