Од капучино, кафе со млеко, до инстант кафе, овој топол напиток се конзумира на најмалку 70 начини ширум светот. Повеќето луѓе без шолја кафе неможат да го замислат почетокот на денот, а дека кафето не е залудно еден од најомилените утрински напитоци покажуваат истражувањата со кои се докажани придобивките од кафето.
1. Самиот мирис на кафето го намалува нивото на стресот
Научниците од Универзитетот во Сеул откриле како глувците на кои им е измерено повисоко ниво на стрес поради неспиење, доживуваат промени во протеините во мозокот кои се поврзани со стресот, по изложеноста на мирисот од кафе. Но, ова истражување не се поврзува со самиот стрес, туку само со оној стрес кој е предизвикан од неспиење.
2. Кафето ги ублажува симптомите на Паркинсовата болест
Истражувањето на лекарот Роналд Постум покажало дека, освен резултатите на претходните истражувања кои посочуваат дека луѓето кои редовно конзумираат кафе имаат помала тенденција кон развивањето на Паркинсовата болест, исто така може да ги намали симптомите од веќе оболените од оваа болест.
3. Кафето е одлично за вашиот црн дроб
Истражувањето спроведено на 125 000 луѓе во период од 22 години покажало дека оние кои пијат најмалку една чаша кафе во денот имаат 20% помали шанси да развијат цироза. Исто така, откриени се и предности во превенцијата од заболување од неалкохоличниот масен црн дроб.
4. Од кафето станувате посреќни
Студијата на американскиот Национален Институт за здравје покажало дека оние кои пијат повеќе чаши кафе во денот имаат 10% помали шанси да станат депресивни. И тоа не поради кофеинскиот адреналин, туку заради присуството на антиоксиданси.
5. Пиењето кафе го одржува вашиот момозок подолго здрав
Истражувачите од Универзитетот во Флорида покажале дека кај луѓе постари од 65 години, кои имале големо ниво на кофеин во крвта, Алцхајмеровата болест се развила 2-4 години подоцна од тие со ниско ниво на кофеин.

You must be logged in to post a comment Login