Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Повеќе од било што друго: 4 рани показатели на бременост!

Заморот е најчест знак на раната бременост, а тој е последица на многу промени кои се случуваат во телото.

Раната бременост  најбрзо и најлесно се открива со помош на тест, но постојат и суптилни знаци кои ја издаваат бременоста, а најчести се болни и потечени гради, како и замор.

Замор

Заморот е најчест знак на раната бременост, а тој е последица на многу промени кои се случуваат во телото. Првите недели се важни за развојот на плодот, па телото е оптеретено до крајни граници. Доколку сомневате дека сте бремени, не пробувајте да се разбудите со додатна шолја кафе- направете тест.

Осетливост на мирис и вкусови

Мирисите кои не ви биле пријатни, како млекото или чадот од цигарите, ќе станат уште поодбивни. Познато е дека веќе во најраната фаза на бременоста сетилото за вкус станува изразено поосетливо, дури и на умерените мириси, како чај. Ако ви засмета мирисот на омилениот парфем, можете да претпоставите дека сте трудни.

Гадење и повраќање

Чувството на гадење и повраќање се сигурни симптоми за рана бременост. Ако до сега не сте се посомневале, време е да купите тест. За среќа гадењето престанува по 12-тата недела, но не значи дека сите жени ќе го осетат. По правило, гадењето е позитивна појава затоа што покаченото ниво на бета-HCG хормонот упатува на растот на ембрионот.

Осетливи гради

Ако градите почнуваат нагло да ви растат и стануваат болни на допир, тоа е чест показател дека сте бремени. До тие промени доаѓа во периодот од шест дена до шест недели од зачнувањето. Болните  и осетливи дојки се пред сѐ нормална и секогаш присутна појава во раната бременост. Ако жената е бремена повеќе пати, јачината на овие појави може да се раликува од бременост до бременост.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement