Ако не сте наклонети кон класичните, сериозни пунџи, а ви здосадила правата коса и локните, ова е правата фризура за вас.
Едно од најчестите прашања на припадниците од поубавиот пол, покрај неспорното „Што да облечам? Што да носам?“ тука е и вечната загатка што да се прави со косата.
Ако не сте наклонети кон класичните, сериозни пунџи, а ви здосадила правата коса и локните, на вистинското место сте.
Оваа фризура не е пресериозна, пожелна е и за работа, прошетка, излегување, како и за свечени прилики, што е најдобро од сѐ се прави брзо, а кој и да ја види нема да остане рамнодушен!
За почеток доколку сакате лицето да го “врамите“ лицето со некоја локна одвојте еден тенок прамен, префрлете го на другата страна и закачете го да не ви смета. Потоа, на таа страна започнете да плетете плетенка, не премногу тенка, не предебела. Плетете ја како класична рибна коска, така што ќе земате прамени само од близината на лицето. Формата рибна коска завршете ја зад ушите, па плетете уште малку и зацврстете ја со ластик.
Повторете ја постапката и за другата страна и врзете ги двете страни на средината од главата.
Заврзете ја целата коса, вклучувајќи ги и плетенките, во реп. Доколку имате многу долга коса, кога ќе ја врзувате пресечете го репот и направете две “топки“, како што е прикажано на видеото.
На крајот, над местото каде се спојуваат плетенките, со прстите направете дупка така што ќе ја проширите косата, па во дупката сместете го репот. По желба во пунџата може да ставите некој украс кој ви се допаѓа и ви одговара со облеката.
Додека читате можеби ви изгледа претешко, но верувајте ни, поедноставно е да го направите од да го кажете.
httpv://www.youtube.com/watch?v=rf2oZwSehWQ

You must be logged in to post a comment Login