Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Работи кои треба да ги знаете пред  одење на депилација

Дали депилацијата е здрава, кој смее и кога да ја применува – се само дел од прашањата кои многу жени сакаат да го дознаат правиот одговор.

Депилацијата може да ја надразни вашата кожа. Ако не сте сигурни како вашата кожа ќе ја поднесе депилацијата, секогаш тестирајте мал дел од кожата. Исто така, најдобро би било да се обратите кај козметичар ако имате било какви прашања или доколку сте загрижени.

Кој треба да биде посепбно претпазлив?

Некои девојки, пред одење на депилација мораат да се посоветуваат со доктор или козметичар за да не дојде до несакани реакции на кожата.

Бремени жени, жени кои пијат контрацептивни пилули,хормони или антибиотици

Вашата кожа може да биде осетлива на депилација, па би било најдобро да направите тест на мал дел од кожата и чекајте барем 24 часа пред депилацијата на другите делови од телото.

Оние кои пијат лекови за разредување на крвта, патат од дијабетес или одат на хемотерапија

Сите  овие се сериозни здравствени проблеми, така што пред депилација побарајте одобрување од доктор и посоветувајте се со козметичар.

Оние кои користат силни средства за пилинг

Салична киселина или алфа хидроксилна киселина се силни средства за пилинг. Ако сте неодамна правеле пилинг со овие состојки, немојте да правите депилација најмалку 7 дена. Ако вашата кожа е осетлива, почекајте и малку подолго.

Кога не смеете да правите депилација?

Во некои случаеви депилацијата од било кој врста никако не се препорачува, па во овие ситуации ви било најпаметно потполно да ја прескокнете:

–        Ако пиете било каков лек на рецепт за акни

–        Ако патите од лупус или СИДА

–        Ако сте оделе на хемотерапија или терапија со зрачење

–        Ако подолго време се се сончали или биле во солариум во последните 24 часа

Подрачја на телото кои не смеете да ги депилирате

Некои делови од телото не смеете да ги депилирате да не би го загрозиле својот изглед, но и здравјето на кожата:

–        Надразнета или запаление на кожата

–        Места каде има изгореници или исекотини

–        Нозете-ако имате проширени вени

–        Секое подрачје каде имате осип, бемки или брадавици

–        Внатрешноста на ушите, трепките и машките гениталии

–        Секое место каде во скоро време сте примиле ботокс или коплаген. Почекајте од 3 до 7 дена

–        Подрачја на кои користите алфа хидроксилна киселина повеќе од 8%

–        Околу пирсингот

 

 

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement