На луѓето им е потребен сон но, не и премногу.
Новите истражувања покажаа дека осум саати сон сепак е премногу и дека седум е идеално.
Бидејќи потребите за сон варираат од лице до лице, стручњаците сугерираат дека би требало да го откриете своето идеално време на спиење, така што пред одење во кревет ќе избегнувате кофеин, алкохол, компјутер, а наутро дозволете си да се разбудите природно без будилник.
Ако се осеќате свежо и одморено, тоа значи дека сте ја „погодиле“ својата идеална должина на спиење.
Ако неможете да си го приуштите овој експеримент, вреди да се знае дека во студијата, со која се опфатени 1,1 милион лица заболени од рак, докажано е дека оние кои спијат седум саати на ден имаат пониска стапка на смтрност. Втората студија покажала дека истото важи и за постарите жени.
Едно занимливо истражување во кое на пет здрави возрасни лица на два месеци им е симулираат камено време (без часовници и струја) покажало е дека просекот на сон во текот на ноќта изнесува 7,2 саати.
Студиите исто така покажале дека седумчасовниот сон телото и мозокот ги држи во најдобра работна состојба, додека се премногу се поврзува со дијабетес, гојазност, кардиоваскуларни болести и поголема стапка на морталитет.
Премалку сон води кон нерасположение, слабо здравје и добивање на тежина.

You must be logged in to post a comment Login