Наместо тоа, властите и организациите за борба против пиратеријата ќе се свртат на едукација на корисниците. Британија прва поаѓа во ”нова борба” против пиратеријата.
Британската влада донела неочекувана одлука да од 2015. година нема да ги прогонува луѓето кои од интернет превзимаат пиратски видео игри, филмови и музика.
Заклучено е дека не постои ефикасен механизам да се сопре овој вид на кршење на законот, па наместо тоа на пиратите ќе им биде испратено четири писма во кое ќе стои дека нивните акции се легални. Освен тоа, ништо нема да биде превземано.
Британската влада сега сваќа дека е многу подобро да се работи на едукација на луѓето и подигање на свеста за тоа колку е битно да се плаќа софтверот.
Се надеваме дека по примерот на Британија ќе учат владите од другите земји – повеќе пати е докажано дека пиратите се тие кои повеќе пари издвојуваат за купување на легални содржини. Можеме да кажеме дека ситуацијата и во нашиот регион полека се поправа, благодарение на on line продавниците каде што може релативно поевтино да се набават голем дел од софтверите, видео игите и многу други содржини.

You must be logged in to post a comment Login