Адриана Лима, Кендис Сванепоел, Алесандра Амбросио и Роси Хантингтон-Вајтли се само некои од моделите кои даваат совети како да се наместите за фотографирање и да снимате совршена селфи фотографија.
1. Светлост – Ќе испаднете многу подобро на фотографијата ако се наместите блиску до изворот на светлоста.
2. Агол на гледање – Подигнете го телефонот над нивото на очите и така спречете ја опасноста за на фотографијата да не се гледа несаканиот подбрадок.
3. Положба на лицето – Свртете ја главата на страна, па вратот ќе ви изгледа потенок на фотографијата.
4. Нагласете ги адутите на лицето – Супермоделите знаат дека најатрактивните делови на телата се истакнуваат на сликите. Неретко може да видите поедина убавица на фотографиите дека и се гледа само една страна на лицето. Која е вашата подобра страна?
5. Фокус на лицето – Свртете го смартфонот така да фокусот на камерата да е на вашето лице.
6. Испратете бакнеж – Кога праќате бакнеж преместите неколку групи на мускули на лицето. Опуштете ги усните и визуелно го зголемувате нивниот волумен, го намалувате обемот на образите и ги истакнувате јагодиците.
7. Чудотворни апликации – Превземете некоја апликација која ви дозволува играње со контрастите и светлоста и така поправете ги евентоалните недостатоци.
httpv://www.youtube.com/watch?v=UdXC11SkFuU

You must be logged in to post a comment Login