Без оглед на тоа колку сте силни, способни сами да ги решите своите проблеми, факт е дека имате осетлива страна. Понекогаш утеха бараме во храната – нема ништо подобро од тоа кога ќе се почастиме со чоколадо или сладолед по некој многу напорен ден.
Иако многу мрзат да се “сместат во ист ќош” стереотипи не се баш и неточни. Ви откриваме неколку стереотипи за жените кои се вистинити.
Осетливи сме – Ова е најчест стереотип против кој многу жени се бунат. Но без оглед на тоа колку сте силни да ги решавате своите проблеми, факт е дека имате осетлива страна.
Сакаме да зсборуваме – Сакаме да споделуваме идеи и да правиме мостови со другите зближувајки се низ разговор. Дајте ни една тема и наскоро без потешкотии ќе прејдеме на друга, трета…десетта тема.
Емотивни сме – За се размислуваме многу, се планираме до најситни детали, па ненамерно остваруваме блиски емоционални врски со другите. Емотивноста може да биде слабост, но често е и нашата сила. Ние сме чувствителни битија кои светот го гледаат на посебен начин.
Јадеме сладолед/чоколадо кога сме вознемирени – Не е дека се гордееме со тоа, но понекогаш утехата ја бараме во храната. Нема ништо подобро од тоа кога ќе се почастиме со чоколадо или сладолед по некој многу напорен ден.
На пријателките им кажуваме се – Женските пријателки си кажуваат се, независно дали станува збор за сериозни работи или теми кои не се ни вредни за разговор. Посебно често говориме за врските. Бараме совети од една за друга и се жалиме за проблемите со надеж дека ќе ги надминеме со заеднички сили.

You must be logged in to post a comment Login